Џеко е замената за Лукаку во Интер: Постигнат договор, се чека потпис

309

Един Џеко е многу блиску до трансфер во Интер. Познатиот новинар Фабрицио Романо потврди дека договор меѓу фудбалерот и Интер е постигнат, па сега останува само да се договорат Рома и Интер меѓусебе.

Џеко наводно постигнал договор со шампионот на Италија за период од 2 години, за кои ќе добие над 10 милиони евра (5,5 милиони по сезона).

Рома е подготвена да го пушти Џеко да замине, затоа што тој и самиот изрази желба да игра со Интер во Лигата на шампионите, а „нероаѕурите“ имаат голема потреба од напаѓач, бидејќи Ромелу Лукаку се сели во Челзи.

Рома се уште тактизира затоа што сака прво да го финализира договорот со Харис Сеферовиќ од Бенфика, пред да даде „зелено светло“ за заминување на Џеко.

ПретходноВо Штип околу 2.000 гледачи го следат дербито!
СледноСалихамиџиќ: Би биле аматери ако Баерн не размислува за Халанд!