Слот гневен на судењето: Сите одлуки беа против нас!

193

Менаџерот на лидерот во Премиерлигата Ливерпул, Арне Слот, по средбата отворено го критикуваше судењето на дербито со Челзи, кое „црвените“ го добија со 2:1.

„Главната одлука што беше против нас беше одлуката да биде поништен досудениот пенал. Сигурно ќе сосема поинаков натпревар доколку водевме со 2-0. Сите одлуки не беа во наша корист, ајде да го кажеме тоа вака“, рекол Слот.

Покрај оваа ситуација кон крајот на првиот дел кога играчот од средниот ред на домаќините Кертис Џонс беше соборен од гостинскиот голман Роберт Санчез, а главниот судија досуди а пенал, па по прегледувањето на ВАР ја смени својата одлука, Слот беше незадоволен и од нашинот на кој беа доделувани картоните на двете страни.

ПретходноСабаленка е новата бр. 1 тенисерка на ВТА листата
СледноАлкалоид со убедлива победа на стартот на Европскиот шаховски клупски куп