У-16: Македонија ја “скрши“ Словенија!

802

Попладнево на тренинг центарот на ФФМ, во пријателски натпревар, нашата У-16 селекцијата на Македонија со 2:0 успеа да ја победи адекватната репрезентација на Словенија. Стрелци на головите за нашата селекција беа Ракипи во 53. и Јорданов во 56.минута.

Убава игра и убава победа на избраниците на селекторот Драган Начевски попладнево на теренот на Фудбалската федерација во Скопје. Инаку ова беше првиот од двата закажани контролни меча меѓу У-16 селекциите на Македонија и Словенија, вториот се игра во четврток (25 октомври) исто во 13 часот.

ПретходноУште една ракометна ѕвезда нема да игра за Франција
СледноЌамили и Емини во тимот на колото во Данска! (ФОТО)