Српскиот шампион Црвена Звезда доживеа пораз на гостувањето кај Монако во рамките на 3 коло од Лигата на шампионите. Францускиот тим славеше со 5:1. Домашните отворија со гол на Минамино во 20 минута, а гостите стигнаа до изедначување во 27 минута преку Ндијае од пенал, но домашните, сепак, на одмор отидоа со предност со гол на Емболо во четвртата минута од судиското продолжение.
Во 54 минута зголеми Синго, во 70 минута повторно Минамино стрела за 4:1, а во петтата минута од судиското продолжение Аклоуче стави точка на овој меч 5:1.
Во Милано, „росонерите“ без проблеми славеа против Бриж со 3:1. Во 34 минута резултатот го отвори Пулишиќ со погодок директно од корнер. Во 40 минута гостите останаа без Онједика кој „поцрвене“.
Сепак, во 51 минута и со играч помалку изедначија, а стрелец беше Сабе. „Росонерите“ обезбедија победа со двата гола на Рејндерс. Во финишот Камард постигна гол кој беше поништен поради офсајд.