Реал Мадрид губеше со 0:2 на полувреме од Борусија Дортмунд во ЛШ, а во второто полувреме постигна пет гола и победи. Хет-трик постигна Винисиус јуниор. Младиот Бразилец доби пофални зборови од тренерот Карло Анчелоти.
„Вини е неверојатен. Ретко може да се види играч кој во второто полувреме игра како што играше Винисиус. Не поради трите гола, туку поради неговиот карактер.
Според мене тој ќе ја освои „Златната топка“. Дали тоа што го направи оваа вечер ќе му помогне во тоа? Не, но ќе му помогне да ја освои наградата догодина“, изјави Анчелоти.
Во врска со мечот Карло посочи дека на почетокот тимот изгледал бавно и збунето, но во продолжение бил вистинскиот.
„Првото полувреме го почнавме со слаб интензитет. Не игравме лошо, два пати ја погодивме пречката, сепак, моравме да играме со повеќе енергија и со поголем ризик. Мораме да учиме од тоа што направивме во вториот дел. Целта е да не чекаме противникот да ни даде два гола па да почнеме да играме. Интензитетот мора да биде на високо ниво но свесен сум дека тоа не може да се случи во сите 90 минути, но барем можеме да биде поизбалансирани“, додаде Италијанецот.