Црвена Звезда доживеа тежок пораз на гостувањето кај Монако од 1:5 во меч од 3 коло на Лигата на шампионите. Тренерот Владан Милојевиќ беше изнервиран од прашање на новинар зошто на местото на повредениот Бруно Дуарте го внел Далси, а можел некој офанзивен играч.
„А кого би го ставиле вие место Дуарте? Ајде кажете… Не е само да се стави играч, потребна е анализа. На овие натпревари се потребни тело, сила и брзина. Не е спорно дека имаме играчи, но на ова ниво е потребно да се „истепаме“ со противникот“, изјави Милојевиќ.
„Против Интер имавме играчи кои од осум, девет дуели добија само еден. Не можеме да парираме во средниот ред. Единствениот кој тоа можеше да го прави против Интер беше Шериф кој одигра одличен меч, а во Суперлигата не е истиот. Тоа е голема разлика, што во ЛШ не можеме да го постигнеме тоа што можеме во првеството. Тој интензитет на натпревари кои тие го имаат ние не можеме да го постигнеме ни со тренинг ни со игра. Јасно е дека мора да скратиме некои простори, меѓутоа тоа тешко се прави“, заклучи тренерот на Звезда.