Македонската женска ракометна репрезентација полека, но сигурно фаќа залет за претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во Унгарија, Австрија и Швајцарија. Во рамките на ЕХФ неделата, нашите ракометарки ќе одиграат три нови натпревари. Македонија ќе учествува на „Трофеј Карпати“, на кој покрај домаќинот ќе бидат и Словачка и Швајцарија.
„Црвено-жолтите“ пред заминувањето за Клуж одработија неколку тренинзи во Скопје, а денешниот сончев ден го искористија за проштека низ Градскиот Парк.
Македонија првиот меч го игра на 25. против Романија, следниот ден ќе ги одмери силите со Словачка, додека на 27. ќе се соочи со Швајцарија.
На ЕП 2024 година (28.11 до 15.12), нашата репрезентација ќе игра во Дебрецин, покрај домаќинот Унгарија за место во следната рунда ќе се бори против Шведска и Турција.