АБА 2: Работнички и третпат убедливо поразен, овој пат славеше Босна (ФОТО)

74

Кошаркарите на Работнички претрпеа нов, трет убедлив пораз во рамките на новата сезона од АБА 2 лигата. Вечерва на домашен терен, составот од Градски Парк загуби во дуел со некогашниот голем екс-ју ривал, Босна од Сараево со 74:99.

Следејќи го текот на мечот, се чини дека немаше простор за Работнички на овој меч да се понадева на добар резултат. Гостите доминираа во првите две четвртини и на полувреме заминаа со предност од 22 поени предност (32:54).

Во вториот дел, се што им беше потребно на гостинските кошаркари беше да го изменаџираат мечот и убедливата предност за победа. Работнички само во последниот период се обиде и успеа да поднамали од разликата, која и онака остана висока.

Полутак со 27 поени беше најдобар играч во составот на Работнички, додека кај Босна Ковачевиќ постигна 19 поени.

ПретходноФорца со убедлив пораз на стартот од главната фаза во Футсал ЛШ
СледноЛШ: Прва радост за Фредериција, Динамо (Б) со пресврт славеше над Спортинг