ЛЕ: Мурињо и Фенербахче против „разнишаниот“ Манчестер Јунајтед

110

Супер натпревар вечерва во рамките на Лига Европа. Во Истанбул ќе се сретнат Фенербахче предводен од Жозе Мурињо против Манчестер Јунајтед. Жозе ќе се соочи со поранешниот клуб во кој работеше од 2016 до 2018 година.
Но не само Мурињо, и играчот од средниот ред Фред ќе се соочи со своите поранешни соиграчи.

Ерик Тен Хаг си купи време со победата над Брентфорд во првенството, но има уште работа. Во Лига Европа одигра реми со Твенте и со Порто. Против Порто се спаси од пораз, но го загуби Бруно Фернандеш кој поради суспензија ќе го прескокне вечерашниот дуел.
Јунајтед има само една победа на последните 10 натпревари во Европа (четири ремија и пет порази) што е несвојствено за клуб со толкаво реноме. А Јунајтед е во серија од пет меча без победа во Европа што е нивна најдолга серија по шесте меча од периодот меѓу 1980 и 1983 година.

Од друга страна Жозе Мурињо има само две победи на последните 17 дуели против екипи кои ги водел претходно (од нив дури 11 порази).

Ако се погледне наназад, Фенербахче нема пораз на последните седум натпревари на домашен терен во Лига Европа, со четири победи од последните пет пресметки.
Манчестер Јунајтед ги изгубил двата дуели со Фенербахче во гости во сите натпреварувања, со 2:1 во ноември 2016 и 3:0 во декември 2004 година.

ПретходноПандев го испофали Ристовски
СледноМакедонија У16 убедливо поразена од Словенија