Кошаркарите на Фенербахче го совладаа Панатинаикос со 76:81 во 5. коло од Евролигата. Празнична атмосфера во „Улкер“ вечерва каде навивачите го прославија Денот на Републиката, сепак, не им донесе конплетна радост.
Избраниците на Ергин Атаман во еден момент имаа дури 14 поени предност, па Фенер навистина не изгледаше како тим што може да се врати, но тогаш следуваа премногу грешки во организацијата на нападите, изгубени поседи, а Фенер беше доста агресивен и што е најважно за нив се врати во живот.
Сепак, тоа не беше доволно за комплетен успех. Кендрик Нан постигна 15 поени, а Матијас Лесор имаше еден помалку во составот на ПАО. Биберовиќ со 16 поени беше најефикасен кај Фенербахче.
Баерн му го нанесе вториот последователен пораз на Олимпијакос, откако вечерва на домашен терен славеше со 84:80, додека Барселона славеше дома против АСВЕЛ со 90:83.