Тренерот на Челзи, Енцо Мареска критикуваше некои играчи кои би требало да бидат лидери во екипата, а пред се мислеше на својот капитен Рис Џејмс. Тој беше поставен за капитен во Челзи откако во август 2023 година Сезар Аспиликуета одлучи да ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид.
Како што тврди Марека, Џејмс никако не успева да се однесува како капитен ни на теренот, ни во соблекувалната. Пред мечот со Њукасл зборуваше за него.
„Очекував многу од него кога станува збор за лидерство, пред се во соблекувалната. Тој напредува, се чувствува добро и ќе се врати на теренот, меѓутоа многу очекував од него. Очекував да биде вистински лидер.
За мене, со оглед на тоа дека е капитен, мора да даде многу повеќе од другите. Некогаш луѓето мислат дека можат да дадат помалку затоа што се капитени. Но тоа го нема кај мене.
Тој е еден од капитените и очекувам многу од него, соиграчите очекуваат од него кога станува збор за биде лидер“, вели Мареска.