МЗТ Скопје вечерва во салата “Јане Сандански“, во меч од 4.коло во нашата елитна кошаркарска лига со 78:71 успеа да го победи МКК Куманово и со тоа да дојде до третиот триумф сезонава. Сепак не беше баш така лесно за шампионот, посебно во финишот на првата четвртина кога кумановци одиграа навистин добро, и тоа како се заканија, а ја решија во своја корист и првата со 19:20.
Нешто слично беше и на стартот од втората четвтртина, но домашните кошаркари како да се „разбудија“ и почнаа да играат квалитетно и таа разлика да ја билдаат во своја корист.
И во третиот период “металците“ ги диктираа настаните на теренот, уште повеќе ја зголемија разликата и во последниот периот беше работа на рутина.
Кај домашните блескаше Слај со 27 поени, постигна и шест тројки од седум обиди, додека кај гостите најефикасен беше Радукиќ со 22 поени. Ова за кумановци беше трет пораз во третото гостување од стартот на сезоната.