Борец подобар од Шкендија, втора победа за новајлијата Скопје

114

Одбојкарите на ГОК Борец победија на малото дерби во 2. коло од домашното одбојкарско првенство на гостувањето кај Шкендија во Тетово. Велешани по голема борба извојуваа победа од 3:1 во сетови.

Одличен резултат направи и тимот на Вардар 1947, кој на гостувањето кај Лирија во Тетово замина како победник по големата драма која заврши во пет чина. „Вардарци“ на крајот славеа со 3:2 во сетови.

Очекувани победи извојуваа Универзитет во Тетово над Весна Пробиштип, и новајлијата Скопје кој ја победи екипата на Сушево на гостински терен. Мечот меѓу Јанта волеј и Струмица е одложен и ќе се одигра во нов термин.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 2. КОЛО

Работнички 71&22 – Штип УГД  0:3 (18:25, 19:25, 17:25)

Сушево – Скопје  1:3 (19:25, 25:20, 20:25, 22:25)

Шкендија – ГОК Борец   1:3 (20:25, 25:15, 21:25, 12:25)

Лирија – Вардар 1947   2:3 (25:20, 25:22, 24:26, 23:25, 11:15)

Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип  3:0 (25:16, 25:10, 25:17)

Јанта Волеј – Струмица   одложен

Слободна: Македонија Џио

ТАБЕЛА: 1. Штип УГД (6), 2. ГОК Борец (6), 3. Скопје (4), 4. Струмица (3), 5. Шкендија (3), 6. Работнички 71&22 (3),  7. Вардар (3), 8. Универзитет во Тетово (3), 9. Македонија Џио (1), 10. Сушево (0), 11. Лирија (0), 12. Весна Пробиштип (0), 13. Јанта Волеј (0).

ПретходноСаинц тргнува од пол-позицијата на ГН на Мексико
СледноСоседско дерби бр.77: Вардар VS Работнички во битка за Скопје!