Рустемовски и Стојановски поразени во второто коло на СП за младинци

23

По една извојувана победа на стартот на Светското првенство во бокс за младинци во Будва, Црна Гора, македонските боксери Ардијан Рустемовски и Наум Стојановски не успеаја да ја минат и втората пречка.

Ардијан Рустемовски во категоријата до 57 килограми загуби со поделена одлука на судиите против рускиот боксер Ислам Ибрагимов со 1-4. Пораз доживеа и Наум Стојановски кој настапи во категоријата до 71 килограм и беше поразен од Алеперен Јилмаз од Турција.

На рингот се појави и Лиси Коџаџику во категоријата до 86 килограми кој на крајот загуби од белорускиот боксер Андреј Румијанцау 0-5.

Претходно елиминации доживеаја и Бајарам Мамутовски во категоријата до 51 килограм, кој загуби од иранскиот боксер Мехди Каземи откако мечот беше предаден по завршување на втората рунда. Лука Трифуновиќ беше поразен од Даниел Гуранда од Молдавија во категоријата до 67 килограми, а пораз забележа и Баке Ајети од Јолбер Карбонел Бандомо од Шпанија во категорија 80 килограми.

ПретходноШто се случува со Белингем? Лани ова време веќе имаше 13 гола, сега нема ниту еден!
СледноМега-дерби на „Емирати“: Арсенал е најголемиот тест за Слот