Младиот шпански фудбалер Ламин Јамал постигна гол во победата на Барселона над Реал Мадрид со 4:1 на „Сантијаго Бернабеу“ во рамките на Ла Лига. Шпанските медиуми објавија видеа кои докажуваат дека Ламин бил навредуван на расна основа од страна на навивачи на Реал Мадрид, па клубот во соработка со полицијата трага по сторителите на ова дело.
Претходно Реал безброј пати го бранеше Винисиус Жуниор од слични навреди, сега ќе ги „лови“ своите навивачи за истиот проблем.
„Реал Мадрид остро го осудува секој тип на однесување што вклучува расизам, ксенофобија или насилство во фудбалот и спортот и длабоко жали за навредите што неколку навивачи ги искажаа синоќа во еден од аглите на стадионот.
Реал Мадрид отвори истрага со цел да ги лоцира и идентификува авторите на овие жални и одвратни навреди, со цел да ги донесе соодветните дисциплински и судски мерки“, гласи објавата на Реал Мадрид.
Lamine Yamal heard the racial slurs from Real Madrid fans and laughed. He doesn’t deserve this at all. La Liga has to hold Real Madrid accountable for thispic.twitter.com/zYfi1fWDDS
— Anabella💙❤ (@AnabellaMarvy) October 27, 2024
🚨 Racist insults towards Lamine Yamal ‘Puto negro’.
pic.twitter.com/O89vR4dV8Q— Lamine Yamal Xtra (@Yamal_Xtra) October 26, 2024