Ивановски со победа го стартуваше турнирот во Словачка

61

Македонскиот тенисер Калин Ивановски се врати на терените со победа во квалификациите за Челенџерот во Братислава. Тој го совлада Американецот Александар Ковачевиќ кој е на 99 место на АТП ранг листата што претставува една од најголемите победи на македонскиот тенисер во кариерата.
Тој славеше со 2-0 во сетови 7-6 и 7-6 во меч кој траеше 100 минути.
Ивановски мечот го заврши со 8 ас сервиси и 2 двојни сервис грешки, додека противникот имаше 4 аса и 3 двојни сервис грешки. Двајцата тенисери имаа по една брејк топка која не ја искористија, а Ивановски беше поуспешен и во вкупниот број на поени 80:73.
Во следното коло (утре) Калин ќе игра со победникот од мечот меѓу Милош Карол од Словачка и Максим Крејси од САД (мечот се игра подоцна попладнево). Со победа ќе се пласира во главниот ждреб.

ПретходноКакво промашување на Диего Дало од Манчестер Јунајтед (видео)
СледноАтрактивен гол на Чурлинов во Полска (видео)