Баерн ја наполни мрежата на Бохум

62

Екипата на Баерн бргу се стабилизира по убедливиот пораз од Барселона на „Ноу Камп“ во ЛШ. Денеска „баварците“ славеа победа со 5:0 на гостувањето кај аутсајдерот Бохум и се врати на чело на табелата бодовно изедначен со РБ Лајпциг (двата тима имаат по 20 бодови, но Баерн подобра гол-разлика 29:7).

Баерн поведе со гол на Мишел Оли од слободен удар во 16 минута. А десет минути подоцна зголеми Мусиала.
Во 58 минута и Хари Кејн погоди за водство од 3:0, па следуваше гол на Сане во 65 минута па потоа и прекрасен гол на Кингсли Коман со шут од далечина.
Бохум е последен на табелата со само еден бод.

 

ПретходноДали е ова крај за Тен Хаг? Нов пораз на Јунајтед и пад на табелата
СледноРеал Мадрид отвори истрага за расистичките навреди кон Јамал