Да имаше ВАР секако дека Струга ТЛ ќе славеше против Шкендија не дербито под Шара со 1:2, но вака натпреварот заврши со резултат 1:1 и се чини, барем од оваа фотографија дека гостинот беше оштетен. Имено при резултат 1:0 за Шкендија, Кехинде подоцна израмни на 1:1, топката дојде до Влајковиќ кој истрча до домашниот гол и ја затресе мрежата. Се израдува, но подоцна сфати дека судиите на чело со Стојанче Трпчевски покажале дека бил во офсајд во моментот кога ја доби таа топка. Сепак оваа фотографија се чини дека кажува нешто друго, а тоа е дека играчот на Струга ТЛ не бил во офсајд и дека голот требаше да биде признаен.
Даи имаше ВАР секако дека ова ќе беше гол и резултатот на крајот ќе беше 1:2 за Струга ТЛ.