Арсенал не издржа, Салах за разочарување на „Емирати“

96
Фото: Ливерпул/Твитер

Фудбалерите на Арсенал и Ливерпул ремизираа 2:2 во големото дерби од деветтото коло на англиската Премиер-лига.

„Топџиите“ го добија првото, а Ливерпул второто полувреме од одличниот меч на „Емирати“. На падот на домаќинот значително влијаеа повредите на дефанзивците Габриел и Тимбер во продолжението, но и многу поголемата енергија на избраниците на Арне Слот во вторите 45 минути, што им го донесе израмнувањето преку Салах.

По распределбата на бодовите, Ливерпул е втор на табелата со бод помалку од лидерот Манчестер Сити, додека Арсенал е веднаш под „црвените“ кои заостанува со четири бода.

Арсенал поведе со голот на Сака во 9-та минута, кој го постигна својот 50-ти гол во Премиер-лигата. На другата страна брзо следеше одговор. Во 18-та минута Ван Дијк израмни на 1-1. Но, домашниот тим пред одморот успеа да го врати водството, овој пат стрелаше Мерино, голот го постигна во 43-та минута.

Битката на теренот се вжешти, Салах со страотен удар во 81-та минута донесе ново изедначување (2-2). До крајот Жезус имаше шанса да го врати водството, но не ја искористи.

ПретходноАврамовски со два гола во само две минути му донесе победа на Болуспор
СледноРаботнички лесно го реши Чаир, ТФТ остана перфектен