Нестварна партија на Јокиќ: Ваков трипл-дабл НБА нема видено 62 години (ВИДЕО)

579

По двата воведни натпревари во сезоната во кои беа поразени од Оклахома и Лос Анџелес Клиперс, кошаркарите на Денвер стигнаа до половичен учинок со две победи. Прво ги совладаа Торонто Репторс 127:125, а во средата вечер после продолжение беа подобри од Бруклин Нетс 144:139, меч на кој блесна Никола Јокиќ.

Српскиот центар, трикратниот МВП на НБА лигата, моќно ја отвори сезоната и бележи просечни 32,3 поени, 10,3 скока и 7,0 асистенции, на кои додава 1,3 блокади и 1,7 украдени топки по натпревар. Иако Денвер одигра само четири од 82 закажани натпревари, многу фанови пишуваат дека му се смешка на четвртата награда за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната.

Јокиќ покажа дека може да игра на високо ниво на синоќешниот натпревар против Нетс, на кој за 41 минута имаше 29 поени (шут од 9/16), 18 скока и 16 асистенции.

Колку е неверојатен овој трипл-дабл, говори и податокот дека вакви бројки не видел ниту еден играч на натпревар по Оскар Робертсон. Легендата на НБА ја заврши кариерата во 1974 година. Последен таков настап на НБА паркетот е забележан пред 62 години.

Исто така, ова беше седми натпревар за Јокиќ во кариерата во кој имаше 25 или повеќе поени во комбинација со 15 или повеќе скока и асистенции. За споредба, сите активни играчи во НБА немаат толку многу ефекти заедно.

Синоќа Нагетс четврти пат по ред ги победија Нетс, а Јокиќ имаше најголема помош од Џамал ​​Мареј и Арон Гордон кои постигнаа по 24 поени и Расел Вестбрук кој додаде 22 поени и пет асистенции од клупата. Денис Шрудер со 28 поени и 14 асистенции, Кам Томас со 26 и Камерон Џонсон со 20 поени, седум скока и пет асистенции беа најдобри за Нетси.

На останатите средби Далас ја совлада Минесота со 114-120, Сакраменто беше подобар од Јута со 113-96 и Голден Стејт пред своите фанови ги совлада кошаркарите на Њу Орлеанс (124-106).

ПретходноАрменд Алими: За мене Шкендија секогаш ќе биде дел од моето семејството!
СледноПорака до Мбапе: Наскоро ќе имаш 26 години, запрашај се добро….