Динамо со Адеми отпатува во Варшава на дуелот со Легија!

202

Убава вест за сите во Динамо, и за фановите на овој клуб, па и за нашиот селектор Благоја Милевски. Аријан Адеми полека, но сигурно заздравува од повредата и тој утре во Варшава, на мечот со Легија во 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите би можел да игра.

Имено капитенот на “модрите“ и еден од нашите најдобри фудбалери, е во експедицијата на Динамо Загреб која денеска отпатува во Варшава.

Сепак дали ќе игра ќе зависи од тоа дали ќе го издржо последниот тренинг.

Инаку Македонија во септември ја очекуваат три натпревари во квалификациите за СП во Катар 2022. Со и без Адеми јасно е дека не е исто.

ПретходноТИМ НА 1.КОЛО: Делов ја сопре Шкендија…
СледноДробаров: Ќе прифатам да играм за Бугарија, политиката не ме интересира!