Во најава промени на врвот во ИХФ кои ќе го сменат и врвот во ЕХФ?

89

Веќе долго време се најавуват промени на врвот во Светската ракометна федерација. Првиот човек на ИХФ Хасан Мустафа три децении ја извршува оваа функција, а поради годините, но и гласните критики за неговото и не толку добро владеење во светот на ракометот, тешко дека ќе добие нов мандат.

Најголем кандидат за оваа позиција е актуелниот претседател на ЕХФ, Михаел Видерер кој од 2016 година е на чело на европската ракометна федерација, два мандати од по четири години.

Според порталот „лобспорт.ме“, на местото на Видерер ќе застане Предраг Бошковиќ, кој е првиот потпретседател на ЕХФ.

Засега не е најавено кога точно би можеле да се случат овие промени, но се очекува Мустафа низ демократски процес да стави крај на своето 24-годишно владеење.

ПретходноПерез не застанува – подготвува два големи потписа!
СледноИван Чупиќ си поднесе оставка во ППД Загреб