Во рамките на 13-то коло во Првата фудбалска лига ќе се одигра дерби дуелот меѓу Пелистер и Вардар. Веќе е познато дека овој натпревар ќе се игра под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“. Мечот е закажан во недела со почеток во 19 часот.
Од таборот на битолчани денеска ги известија сите љубители на клубот дека билетите веќе се пуштени во продажба и истите ќе се продаваат по цена од 150 денари.
На трибините се очекува да бидат и фановите на Вардар 1961, но за тоа се чека потврда.