Раководството на Атлетик Билабо ќе започне итни преговори со ѕвездата на тимот, Нико Вилијамс за продолжување на соработката. Шпанскиот репрезентативец стана една од трансфер сагите ова лето, но на крајот остана во баскискиот клуб.
За него имаше многу сериозен интерес од Барселона, но договорот никогаш не се оствари. Се очекува следната летна трансфер пауза, Барселона да ја искористи за нова офанзива за Вилијамс, па токму поради оваа причина Билбао ќе се обиде да му понуди нов договор на својот играч со значително зголемена откупна клаузула.
Во моментов клаузулата за заминување е во износ од 60 милиони евра.