Ања Алтхаус со нов предизвик – ќе биде тим менаџер на германската женска репрезентација!

797
фото: kolektiff

Ања Алтхаус се враќа во германската женска ракометна репрезентација, но овој пат во една поинаква улога.

Поранешниот пивот од светска класа со 243 меѓународни натпревари, трето место на СП 2007, трикратен победник во Лигата на шампионите, медиумски менаџер на македонската машка репрезентација, амбасадор на европската асоцијација ЕХФ,  ја чека нов предизвик, ќе биде тим менаџер на националниот тим на својата земја. Таа на германската женска репрезентација ќе и се приклучи на стартот на подготовките за ЕП.

„Оваа задача е огромна чест“, вели 42-годишната Алтхаус. „Играњето во националниот тим секогаш беше најдоброто нешто за мене. Фактот дека можам повторно да работам за Германија и нашата репрезентација ме исполнува со гордост и голема радост. Би сакала да го пренесам сето мое искуство“, изјави Ања Алтхаус.

Ања Алтхаус ќе ја преземе својата функција со почетокот на подготовките за ЕХФ ЕУРО 2024 на 18 ноември. По Европското првенство во Австрија, фокусот ќе се префрли на СП 2025 на домашен терен.

„Ања е една од најуспешните ракометарки во Германија и три пати ја освои Лигата на шампионите. Нејзиното искуство во различни улоги ќе ни помогне“, вели Инго Мецкеш, спортски директор на Германската ракометна асоцијација. „Се знаеме и цениме со години. Таа е и харизматичен тип и нејзиниот инспиративен начин ќе фасцинира уште повеќе луѓе во женскиот ракомет. Затоа ми е драго што ја добивме Ања Алтхаус за менаџер на нашата женска репрезентација.”

Селектор на женската германската репрезентација, Маркус Гаугиш го поздравува новото засилување во тимот:

“Ања Алтхаус го живее она што е потребно за да се игра ракомет на врвно ниво. Овој модел во комбинација со нејзиниот организациски талент ќе ни даде поттик. Со нетрпение очекувам да работам со неа“.

И за првиот човек на Германската ракометна федерација враќањето на Ања во тимот е најдобриот потег.

„Ова е уште еден чекор во професионализацијата на нашата женска репрезентација“, вели Андреас Михелман, претседател на Германската ракометна асоцијација. „Воодушевен сум што Ања Алтхаус ни се враќа по долги години на меѓународната сцена и што ја носи својата енергија во нашата репрезентација во нова улога“.

Ања Алтхаус, која е родена во Магдебург, пораснала во спортското училиште во родниот град и созревала во врвен играч во Трир. Таа ја освои Лигата на шампионите со данскиот врвен клуб Виборг во 2009 и 2010 година како и со унгарски Ѓер во 2018 година. Третата титула ја круниса нејзината голема кариера.

Ања Алтхаус ги споделува своите искуства со помладите генерации во младинскиот проект на ЕХФ „Почитувај го својот талент!“, меѓу другото.

ПретходноБарса нема пари за да го регистрира Олмо за вториот дел од сезоната?
СледноУште не седнат на менаџерското место, Аморим прецртал четири имиња