Верстапен казнет со пет места на викенд трката во Интерлагос

101

Актуелниот бранител на титулата, а воедно и лидер во тековниот Формула 1 шампионат, Макс Верстапен ќе стартува пет места подолу од она заработеното во квалификациите, поради казната која што му е изречена од надлежните.

Имено, Верстапен непрописно изврши смена во моторот со внатрешно согорување. Четири се дозволени, а во болидот на Верстапен според информациите ова е дури шести. Кога првично беше направена оваа грешка од страна на Ред Бул за Гран прито во Белгија, Верстапен беше казнет со двојно поголема казна, односно десет места на стартот.

На четири трки до крајот на шампионатот, Верстапен има 47 бодови предност пред Ландо Норис од Мекларен.

ПретходноТребаше да биде наследник на Роналдо, а сега служи за потсмев! (ВИДЕО)
СледноПСЖ со тешки милиони тргнува по Винисиус, а тој преговара со Ал Хилал!