Милан со „минималец“ кај Монца

58

Тимот на Милан обезбеди триумф кај Монца во последниот дуел за денеска од програмата во Серија А. Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Реијндерс во самиот финиш на првиот дел односно во 43. минута.

Мечот мина во рамноправна борба во која што Милан реално имаше повеќе ситуации за да стигне до победа, што на крајот и ја оствари.

Домаќинот иако се обидуваше да стигне до некаков бенефит од овој меч ќе мора бодови да бара на друг, а засега ќе треба да се задоволи со досега освоените осум и 18. место на табелата.

Милан пак, во моментов е седми со сега веќе цели 17. бода.

 

 

ПретходноЏунтоли најави какви засилувања ќе носи Јуве зимава
СледноСкандал во НБА: Ембид нападна новинар!