ЕХФ прашува: Дали Вардар 1961 е посилен од минатата сезона?

1010

Вардар 1961 и во новата сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите. Првиот човек на клубот, Михајло Михајловски ги исполни барањата на ЕХФ и го уплати депозитот од еден милион евра како виза за настап во ова натпреварување.

Новинарите на европската „куќа на ракометот“ направија мини-анализа на двократниот освојувач на титулата во ЛШ.

Вистина е Вардар 1961 повеќе не е истиот, во смисла на оној шампионски состав. Дури 13 нови играчи заедно со староседелците ќе треба да го задржат нивото на овој тим, односно да покажат дека се достојни за големи предизвици, нешто што го гледавме во претходните години.

Токму затоа ЕХФ прашува дали Вардар 1961 навистина е посилен од лани со новите имиња во составот, како и со Веселин Вујовиќ на клупата.

Тимур Дибиров се посочува како главен лидер на теренот. Рускиот ракометар е вистински мотиватор, пример за борбеност на теренот, па се очекува да ги поведе соиграчите во европските битки.

“Соочени со некои силни противници и неколку познати ривали, ќе треба да се борат напорно за да стигнат до четврт-финалето“, е заклучокот на ЕХФ. 

Новата сезона ќе ја отвори против Елверум на гости, додека силите ќе ги одмери со Пик Сегед, Кил, Алборг, Монпелје, ППД Загреб и Мешков Брест.

Дали овој состав е навистина подобар ќе видиме за повеќе од месец.

ПретходноГорица го промовира Стојановски
СледноOдбојкарите ги завршија тренинзите во Маврово, следуваат пријателски натпревари