Иако беше протеран од сала пред неколку дена од страна на Перо Антиќ и раководството на КФСМ, Петар Наумоски, не сакаше да го коментира овој срамен потег.
Но, се чини денешната прес-конференција беше нешто што легендарниот кошаркар не можеше да го премолчи. Кога станува збор за националниот дрес и настапите на Македонија, Пеце има што да каже и воедно да ги потсети на едни други денови, кои се чини Антиќ и неговиот соработник Гечевски ги заборавиле.
Наумоски испрати свој став до редакцијата на СПОРТМЕДИА, ние целосно ви го пренесуваме.
„Ова што денеска го прочитавме по порталите, а го изјавија челниците на МКФ, не знам дали да се смеам или да плачам…На Тоше не му било јасно како некој не можел да се појави во репрезентацијата и да ги израдува граѓаните на Македонија…па одговорот седи близку до него, нека си го праша претседателот и брзо ќе го дознае тоа чувство!
И тој ветуваше пред медиумите дека ќе игра и ќе помогне на своите колеги (па дури и на него лично му вети дека ќе игра), но никој не можеше да го сфати таквиот негов однос кон светиот дрес!!! Класична калакурница владее во федерацијата!
Одлуката за неиграњето на Нено не е од вчера за да денеска излезат и да го напаѓаат, односно плукаат по него…со таквиот однос само ги затвараат сите идни можности за соработка со него, кога веќе сметаат како спасител и лидер во тимот…можеа да молчат и понатаму како во претходните 30 дена и да не бараат оправдување пред целата јавност за евентуалниот не успех во претквалификациите бидејќи со тоа само ги омаловажуваат оние што ќе играат во овој циклус на натпревари и покажуваат дека немаат верба во нивните квалитети.
Кого нема, без него се може и се мора…тоа е правата формула во таквите моменти! Со ваквата ситуација на неиграње на неколку поискусни играчи, вистинска одлука во вистинско време беше да му се даде простор на новиот селектор да игра со поголем дел на млади и талентирани играчи со помош од 3-4 поискусни и четири години максимално вложување во тој тим, па потоа да почнеме од нула.
На овој начин,никој нема да има бенифит од оваа ситуација, а времето си минува и минува… Лидер никогаш не плаче, па ни кога седи дома сам, туку бара решение од секоја ситуација/момент и гледа напред!!!
Кога веќе го спомнуваат името на мојот син, јас како родител морам да реагирам и да ја известам јавноста дека тој не беше повикан од никого, никој не му се јави или пак го покани дополнителн. Тој е повреден повеќе од 35 дена (за неговата повреда на скочниот зглоб знаат во Тофас, Дарушафака, а рехабилитација прави во Македонија, значи знаат многу луѓе, не е измислена работа, само тие што треба да знаат – не знаат) и никој од МКФ не се јави да праша дали му е потребна помош за да самиот млад играч почуствува вистинска грижа од некого, за да има чувство на “враќање”!
Односот потично неодносот на МКФ е повеќе од јасен на многу кошаркарски работници, но со замолкнување на одредени новинари или лажно претставување на нештата оваа работа не оди никаде!
Доколку сметаат дека со злоупотреба на позицијата што ја имаат ќе носат одлуки кои се срамни (во најмала рака кажано) тогаш по завршување на мандатот ќе се види кој како гледа на сите нив и тоа ќе биде оценка за сработеното.
Неспособноста, инфериорноста и стравот од големината на другите не водат никаде…
Во следните натпревари им посакувам среќа на нашите репрезентативци, му посакувам успех на новиот селектор, кој очигледно не знаел со кого си фаќа работа! Поздрав…