Струга Трим Лум попладнево во Гостивар во меч од 13.коло успеа да ја победи домашната Беса со 1:2 и да со тоа освои седум бода на последните три тешки гостувања, Тетово, Кавадарци и Гостивар.
Па така сега шампионот е на само -3 бода во однос на лидерот Работнички, а веќе следниот викенд Струга ТЛ го дочекува тимот од Дебар Маало.
Стратегот на стружани, Ќатип Османи, за “СпортСпорт“ го искоментира денешниот меч кај Беса.
“Секако дека мора да бидеме задоволни. Освоени се големи три бода. Честитки за нашите играчи, честитки за Јевтоски и Кехинде за евро-головите. Ова е победа на целиот тим и сите имаат свој придонес. Ме радува тоа што победивме со пресврт, покажавме карактер и покажавме зошто сме шампиони“ посочи Ќато.