Фудбалерите на Тотенхем ја совладаа Астон Вила со 4:1 во натпреварот од 10. коло на англиската Премиер лига. Гостите први поведоа со 0:1, но на крајот славеа лондончани најмногу благодарение на напаѓачот Доминик Соланки, кој попладнево постигна два гола и на својот тим му донесе три бода вредни седмото место на табелата.
Тимот на менаџерот Унаи Емери поведе во 31. минута со голот на Морган Роџерс. Сепак, Тотенхем израмни по четири минути игра во вториот дел. Бренан Џонсон ја испрати топката во мрежата на голманот на Вила, Емилијан Мартинез.
Доминик Соланке постигна два гола за домаќините, најпрво во 78. Минута, а потоа и минута подоцна за 3:1.
Конечните и убедливи 4:1 ги постави Џејмс Медисон со одличен гол од слободен удар во 96. минута.