Одлични вести од Шпанија поточно од Џирона. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не е потешко повреден и не се очекува речиси никаква пауза за напаѓачот. Сето ова е последица на фактот што страдаше неговиот зглоб изминатиов викенд во Примера шампионатот, но за огромна среќа без преголеми последици.
Денеска попладнево врз сглобот на Миовски се направени сериозни испитувања и е утврдено дека има само минимални оштетувања на лигаментот, речиси занемарливи. Под прашалник е само можеби неговиот настап за Џирона во Лигата на Шампионите против ПСВ во вторник но потоа тој ќе биде фит.
„Добро е. Не сум посериозно повреден. Ова се одлични вести. Можеби ќе имам кратка пауза од само неколку дена не повеќе. За викендот сум дефинитивно подготвен“ – ни изјави Миовски.
Тој секако е важен за нашата репрезентавција која што за десетина дена во Скопје ја очекуваат двата последни дуели од Лигата на Нациите против Летонија односно Фарски Острови.