Новак не играше во Париз на Мастерс турнирот, што значи дека загуби 1000 поени на АТП листата, имајќи предвид дека минатата сезона го освои турнирот.
Сега Ноле има 5210 поени, а после две години повеќе не е во топ 4 тенисери во светот.
Моментално е петти, пред него е Данил Медведев со 5230 поени. Карлос Алкараз е трет тенисер во светот со 7210 поени, втор е Зверев со 7715, додека Јаник Синер е прв со 11330 поени.
Од шестото до десеттото место се пласираа Тејлор Фриц, Каспер Руд, Алекс Де Минор, Андреј Рубљев и Григор Димитров.
Новак најверојатно ќе падне уште едно место следната недела.