Алкалоид ја продолжи својата битка во ЕХФ Европскиот Куп, откако со две победи се најде во 1/16 финалето. За противник за чекор напред во ова натпреварување избраниците на Кирил Лазаров го добија тимот на Вест Виена.
Единствениот македонски претставник кој остана во ЕХФ Европскиот Куп, пласманот во осминафиналето ќе го брка на домашен терен. ЕХФ денеска го верификуваше терминиот за одигрување на натпреварите.
Алкалоид и Вест Виена двата меча ќе ги играат во скопската сала „Автокоманда“. Првата средба се игра на 29 ноември, Алкалоид ќе биде домаќин, додека следниот ден улогата на домаќин условно ќе му припадне на австрискиот тим. И двата натпревари ќе се играат со почеток од 19:00 часот.