Македонската женска ракометна репрезентација на крајот на ноември ја чека стартот на Европското првенство кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. 24 тима ќе се борат за висок пласман на континенталното натпреварување.
Македонија ќе игра во Дебрецин, а за противник ги има домаќинот, Унгарија, Шведска и Турција. Токму две репрезентации од нашата група се најдоа во Топ 8 листата на ЕХФ на земји со најголеми шанса да освојат медал. Оваа листа е направена врз основа на резултатите остварени на пријателските мечеви, а Македонија до сега има пет порази во исто толку одиграни меча.
Тоа се репрезентациите на Унгарија и Шведска. Унгарија е петта на оваа листа, додека пак Шведска е четврта. На првото место е Норвешка, зад неа Франција и трета е Данска.
Македонија првиот натпревар од групната фаза го игра на 28. номеври против Шведска, два дена подоцна е мечот со Турција, додека во последното коло од групната фаза ќе игра против Унгарија.