Ивановски: Битола и Чкембари, ова беше за вас!!!

400

Битола во моментов го живее „фудбалскиот филинг“. Денеска градот „врие“ поради синоќешниот триумф над лутиот ривал Вардар во првото ноќно дерби одиграно во Битола под рефлектори на „Петар Милошевски“.

Прекрасната атмосфера зачинета со домашна преполна нова трибина, но и гостинско перфектно навивање, кулминираше во последните моменти од дуелот кога Мирко Ивановски, капитенот на Пелистер погоди за 1:0 и ерупција во која што не се знаеше кој е на терен кој на клупа кој за на трибина. Ивановски во екстаза истрча цел терен за да прослави со Чкембарите, а денеска испрати и официјално благодарам за се она што се случи синоќа.

„Каква ноќ, каков празник на градот, каква атмосфера, колку емоции, колку народ… Битола, Битолчани, Чкембари ова е за вас…Фала за се“– напиша Ивановски на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MIRKO IVANOVSKI (@mirko_ivanovski)

ПретходноМурињо: Не знам зошто некој би гледал турски фудбалски шампионат!?
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 13.КОЛО: Ивановски за еуфорија во Битола