Она што го најави вчера Бојан Миовски за “СпортСпорт“, денеска е и официјално. Повредата на зглобот здобиена на последниот меч против Легањес од саботата, не е сериозна. Доволни беа само два дена одмор за да денеска Македонецот одново беше на тренинг. Официјално Бојан е на списокот со играчи на Џирона кои утре ќе бидат во комбинација за дуелот од 4.коло во ЛШ против ПСВ Ајндховен на гости.
Да потсетиме дека Миовски со изјава за нашиот портал вчера ја израдува спортската јавност во врска со повредата која се покажа дека сепак не е така сериозна како што се мислеше во прв момент.
Ова значи дека и селекторот Благоја Милевски може да здивне. Напаѓачот на Џирона ќе игра за Македонија на средбите од Лигата на Нации против Летонија (14.10) и Ф. Острови (17.10) во овој ноемвриски циклус.