Брутална партија на Јокиќ со нов трипл-дабл и победа на Денвер! (ВИДЕО)

618

Ете затоа Никола Јокиќ е најдобриот кошаркар во светот. И кога не му оди на Денвер, тој знае како треба, знае да одигра магично, да дојде до нов трипл-дабл, инаку 133-ти во кариерата во регуларниот дел од сезоните, и да му донесе победа на својот тим. Инаку ова беше трет трипл-дабл во оваа сезона за Србинот.

На крајот Денвер – Торонто 121:119, а Србинот заврши со 28 поени, 14 скокови 14 асистенции за 38 минути колку што беше во игра.

Фантастичен беше и Лука Дончиќ во дресот на Далас со 34 поени, седум скокови и 15 асистенции но неговиот тим беше поразен од Индијана со 134:127.

Ова се резултатите од сите натпревари одиграни утринава:

Кливленд – Милвоки 116:114, Вашингтон – Голден Стејт 112:125, Детроит – ЛА Лејкерс 115:103, Аталанта – Бостон 93:123, Бруклин – Мемфис 106:104, Мајами – Сакраменто 110:111, Чикаго – Јута 126:135, Хјустон – Њујорк 109:97, Минесота – Шарлот 114:93, Оклахома – Орландо 102:86, Њу Орлеанс – Портланд 100:118, Далас – Индијана 127:134, Денвер -Торонто 121:119, Феникс – Филаделфија 118:116, ЛА Клиперс – Сан Антонио 113:104.

ПретходноСамо во ПЛ: Фулам до 90+2.минута губеше со 0:1, за да на крајот да победи! (ВИДЕО)
СледноСоиграч на Ристовски и Адеми ја одбил понудата на Реал Мадрид!