Македонската фудбалска репрезентација до 21. година од 11 до 17 ноември ќе одржи во Скопје, селективен камп за новата 2004/05 генерација. Околу 35 играчи ќе се најдат на списокот од кој првично ќе се исклистализира кој има капацитет и потенцијал да го носи националниот дрес во следниот квалификациски циклус.
Патем, ќе бидат одиграни и два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово, на 14 односно 17 ноември, на комплексот Петар Милошевски во Скопје.
Од она што Спортспорт ексклузивно го дознава е дека на списокот ќе се најдат неколку новитети кои за јавноста во Македонија засега се непознаница, односно доаѓаат од странство.
Па така, во прв ред, присуство потврди детето на Стандард Лиеж и досегашниот капитен на репрезентацијата на Луксембург, Рајан Бербери за кои ФФМ подолг период се бори да го доведе во нашите редови.
Следува напаѓачот на Ријека на позајмица во Оријент, Матеј Момчиловски кој нема настапи за ниту една селекција досега.
Трет е голманот на Славија Прага, Стефан Јованоски кој веќе има настапувано за Македонија, но во меѓувреме забележа и шест настапи за У17 селекцијата на Чешка.
Ако на ова се, се додаде и целата У19 генерација која што за Македонија ги одигра неодамнешните квалификации, секако дека се вклопува една сериозна конкуренција вредна за следење.