Ѓоковиќ донесе важна одлука

332

Најдобриот тенисер, Новак Ѓоковиќ донесе очекувана одлука, ќе го прескокне Мастерсот во Синсинати.

Откако не успеа да дојде до златниот медал на Олимписките Игри, Србинот призна дека постои физички и психисчки замор, и сака да одмори за да дојде подготвен на УС Опен.

„Сакам да споделам со вас една вест, а тоа е дека ќе го пресконам турнирот во Синсинати за да го искористам тоа време за одмор и секако да поминам што повеќе време со семејството. Од Австралија до Токио потрошив многу енергија, па сега сум целосно насочен кон опоравување и подготвки за УС Опен. Се радувам што одново ќе се видиме во Њујорк“, рече Ноле.

Ѓоковиќ во Њујорк ќе има шанса да ги обедини сите грен слемови во годината.

ПретходноНишто од ПСЖ? Меси доби понуда од уште еден гигант, можно е да остане и во Барса?
СледноПоследни подготовки за промоцијата на Меси