Во седмото коло од АБА лигата, Партизан славеше победа против ФМП со 91:64. „Црно-белите“ доминираа во текот на целиот натпревар, а на крајот славеа убедлива победа.
Сепак, еден детал од натпреварот не остана незабележан на социјалните мрежи.
Имено, при еден тајм-аут во текот на играта, Жељко Обрадовиќ ги загуби нервите по грешка на младиот кошаркар на црно-белите, Митар Бошњаковиќ.
Познато е дека кошаркарските тренери не бираат зборови за да ги нападнат играчите на паузите, па тоа не го направи ниту легендарниот Жоц.
„Што ме гледаш, кој к..ац? Што ме гледаш, глупав еден? Што е прво во одбраната? Каде ја „тераш“ топката“, грмеше Обрадовиќ за време на тајм-аутот.
Ко сеје мржњу #kkcz pic.twitter.com/ah32KWaJAI
— aky (@Akyczbg) November 5, 2024
Сосема е извесно дека Обрадовиќ имаше најдобри намери да извлече уште подобар учинок од младиот кошаркар.
Сепак, многу тренери во последните години ги избегнуваа овие методи поради различното однесување на младите кошаркари.
Партизан на крајот на денот ја постигна седмата победа во седум одиграни кола од АБА лигата AdmiralBet.