Поразите од Барселона (0-4), па од Милан (1-3) во Мадрид ги вклучија сите аларми на „Сантијаго Бернабеу“. Карло Анчелоти гласи за човек на кого сите му веруваат во Мадирд, пред се благодарение на сето она што го направи во претходните сезони, но италијанскиот стратег е доволно свесен да знае дека фудбалот не е како некогаш, и дека не се толерираат ниту најмалите грешки.
Додека го анализираше неуспехот на својот тим на прес-конференцијата по поразот од Милан во ЛШ, пред стадионот во Мадрид настана гужва, а причината е присуството на Зинедин Зидан. Според многумина француската легенда е во игра за местото на искусниот стратег.
Иако тој ќе каже дека не го интересира клупата на Реал, сепак на големо се пишува дека само тој може да го згасне „пожарот“. На големата сцена веќе е докажан, има две две титули во Ла Лига и три во Лигата на шампиони, две во Супер-Купот…
🙌 LOCURA MADRIDISTA POR ZIDANE 🙌
🤍 El exentrenador blanco llegó al Bernabéu entre una oleada de aficionados.
📹 @marcosdlarocha pic.twitter.com/24tgC6q6OP
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) November 6, 2024
Се верува дека првиот човек Флорентино Перез нема веднаш да превземе мерки, ќе ми даде шанса да Анчелоти да го извади максимумот и да ја спаси сезоната, а потоа дури на лето да почнат промените.
На последните два домашни меча Реал прими седум гола, што е доказ дека Реал е далеку од вистинскиот Реал. „Кралевите“ се на девет бода зад лидерот Барселона, во новата пресметка во Ла Лига ќе се соочат со Осасуна.