Познато е дека кога игра Ливерпул дома, на својот „Енфилд“ може да се види и доживее една навистина фантатастична атмосфера. Гласноста е неверојатна, на домашниите играчи тоа секако им оди во прилог.
Синоќа Ливерпул со 4:0 го победи Леверкузен во ЛШ, а самата атмосфера ја пофали и гостинскиот тренер Чаби Алонсо, кој како некогашен играч на “Редси“ многу добро што значи таквата поддршка од трибините.
Сепак по вчерашниот меч фановите на Леверкузен просто се шокирани од тоа што го виделе и од тоа што го слушнале.
Имено тие велат дека “Енфилд“ има своја мрачна тајна а таа е дека гласноста на навивањето се максимализира со помош на звучници, значи таа атмосфера се создава на вештачки начин.
“Срамно. Атмосферата на “Енфилд“ е 100% засилена со звучници. Толку е гласно што е нереално. Оној кој не е фан на Ливерпул веднаш сфаќа што е вистината. Нема ништо природно во тоа, се прави на вештачки начин“ велат германските фанови.