Денеска во пресрет на вечерашниот спектакл на “Маракана“ во Белград, каде Ц. Звезда ја дочекува Бареселона, меѓусебе во меч од Младинската лига на Шампионите, се сретнаа младите екипи на овие два клуба. Победија гостите со 1:2.
За нашата спортска јавност интересно е тоа што кај Ц. Звезда стартер беше нашиот Матеј Гаштаров, кој има 18 години, и беше во игра се до 83.минута. Инаку тој е младински репрезентативец на Македонија до 18 и 19 години и важи за еден од најголемите таленти во таборот на српскиот клуб, затоа е и стартер на овие мечеви во Младинската лига на Шампионите.