Светскиот шампионат во Мото ГП објави дека последната рунда од сезоната 2024 ќе се одржи на патеката во Барселона од 15 до 17 ноември.
Според календарот, последното Гран При традиционално требаше да се одржи во Валенсија, но трката е одложена поради поплавите кои го зафатија регионот. Во Барселона за титулата ќе се натпреваруваат лидерот Хорхе Мартин од Прамак и актуелниот шампион Франческо Бањаја од Дукати.
Според најавата на организаторите, викендот во Барселона ќе биде именуван како „Гран при на солидарноста“.