ЛШ: Интер со пенал до победа над Арсенал, ПСЖ падна во Париз, Барса се прошета во Белград (ВИДЕО)

92

Со гол од пенал, Турчинот Чалханоглу го реши вечерашното дерби од 4. коло во Лигата на шампионите во Милано. Интер го победи Арсенал со 1:0 запишувајќи ја третата победа во ЛШ сезонава и нанесувајќи му го првиот пораз на премиерлигашот. Во цврст и тежок меч, „нероаѕурите“ успеаја да ја задржат тешко стекнатата предност од финишот на првото полувреме, кога Чалханоглу погоди од белата точка.

Барселона ја продолжи доминацијата на европската сцена и успеа да ја запише и третата последователна победа, откако прилично лесно вечерва успеа да ја победи Црвена звезда во Белград со 2:5. Белграѓани се обидоа за момент да им парираат на Каталонците, чија доминација беше видлива во најголемиот дел од мечот. Левандовски постигна два гола, а по еден запишаа и Рафиња, Мартинез и Фермин Лопез, додека кај Црвена звезда прецизни беа Силас и Милсон.

Кореа е вистински херој на Атлетико (М) откако со гол во 93. минута успеа да обезбеди победа од 2:1 за Шпанците на дерби дуелот со ПСЖ во Париз. Францускиот шампион поведе со голот на Заире-Емери во 14. минута, но гостите не се предадоа и преку Молина во 18. минута успеаја да израмнат на 1:1. Долго време мечот беше во егал, но во самиот финиш Кореа успеа да погоди за голема победа на „јорганџиите“ кои дојдоа до 6 бода, за разлика од ПСЖ кој остана на само четири.

Италијанска Аталанта славеше на гостувањето во Германија против екипата на Штутгарт со 2:0 и ја запиша втората победа во тековната сезона на ЛШ. Победата за Италијанците ја донесоа Лукман и Заниоло со по еден погодок во двете полувремиња.

Француски Брест ја продолжи неверојатната низа од почетокот на сезоната, откако вечерва замина со сите три бода од гостувањето кај Спарта во Прага. Брест славеше со 2:1 со головите на Фернандез и автоголот на Каринен и успеа да запише трета победа со која се проби на второто место на табелата.

Салцбург ја имаше првата радост оваа сезона, откако успеа да го изненади Феенорд на „Де Кујп“. Австријците кои претрпеа три порази во првите три кола, вечерва како гости славеа со 3:1. Конате ги постигна првите два гола за Салбург, а Гуидо ја потврди победата, откако Феенорд со играч помалку успеа само да се приближи на 1:2 со голот на Хаџ Муса.

По два порази, екипата на Баерн (М), конечно, славеше во ЛШ. Во Минхен, Баварците со 1:0 ја победија Бенфика за да ја запишат втората победа. Единствениот гол го постигна Мусиала во 67. минута.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноЛекциите се учат, победите се бројат (ФОТОГАЛЕРИЈА)