Германската јавност денеска е преокупирана со темата наречена Паул Ванер. Играчот на Баерн Минхен, на позајмица во Хаиденхајм игра одлично сезонава па никого не зачуди што доби повик за репрезентацијата на Германија. Односно, селекторот Јулијан Нагелсман сериозно смета на него, но Ванер очигледно дека не се согласува со неговиот став барем во моментот. Повикот е одбиен од една едноставна причина. Ванер сеуште не се одлучил за кого ќе настапува, дали тоа ќе биде Германија или пак ќе се одлучи за Австрија, земјата од каде што потекнува неговата мајка.
Офанзивецот е младински репрезентативец на Германија, но очигледно дека Австрија како опција е сеуште отворена за него. Тој со Австријците веќе и еднаш беше на тренинг камп. Од друга страна пак, премин од една во друга репрезентација доколку играчот има сениорски настап, официјален, е многу тежок процес за кој ФИФА има стрикни и многу ригорозни правила.