ЛЕ: Галата го „среди“ Тотенхем, Атлетик (Б) со пресврт славеше во Бугарија

86

Галатасарај, Ајнтрахт (Ф) и Атлетик (Б) остварија трета победа во 4. коло од Лигата на Европа и го запоседнаа врвот во второто по ранг европско натпреварување. Вечерва, галатасарај во исклучително возбудливото дерби со англиски Тотенхем славеше во Истанбул со 3:2, додека Ајнтрахт (Ф) на домашен терен минимално со 1:0 го совлада тимот на Славија Прага. Тешка победа на гости остварија фудбалерите на Атлетик (Б), кои со пресврт и 1:2 славеа на гостувањето кај Лудогорец.

Рома малку недостасуваше да слави на гостувањето кај Унион Ст: Жилоа во Белгија, но по водството од 0:1 со голот на Мансини, дозволи домашните брзо да се вратат за израмнување на 1:1. Ница се намачи на домашен терен за да освои барем бод против холандски Твенте. Гостите водеа со 0:2, а Ница и со играч помалку до крајот дојде до реми – 2:2.

ЛИГА НА ЕВРОПА – 4 КОЛО

Ајнтрахт (Ф) – Славија Прага 1:0

Бодо/Глимт – Карабах 1:2

Галатасарај – Тотенхем 3:2

Елфсборг – Брага 1:1

Лудогорец – Атлетик (Б) 1:2

Ница – Твенте 2:2

Олимпијакос – Ренџерс 1:1

Унион Ст. Жилоа – Рома 1:1

ФЦСБ – Митјиланд 2:0

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноДешамп повторно не го повика Мбапе во репрезентацијата на Франција
СледноКЛ: Легија и Рапид со 100% ефект и по третото коло