Конечно проработе тандемот Лилард и Адетокумбо (ВИДЕО)

39

Џезерите се идеален противник, ако прашуваат сите во Милвоки. Бакс го добија првиот меч на домашен терен, откако славеа против Јута со 123-100. Што е уште поважно, тие ја прекинаа серијата од шест порази, најлошата на Милвоки во последната деценија.

Главен тандем до триумфот беше Лилард – Адетокумбо. Лилард имаше 34 поени, Јанис три помалку, со 16 скока.

Домашните кошаркари се мачеа, но до крајот на третата четвртина кога со серија од 17:1 го отворија патот кон победата. Јута беше ужасна од линијата за три поени во првото полувреме, 14 од 26.

За Јута ова беше седми пораз оваа сезона, со една победа се наоѓа на последното место во Западот, додека пак Милвоки во осмиот меч ја запиша само втората победа која го носи на 13-место на Истокот.

На останатите две средби, Минесота славеше на гости кај Чикаго со 135-119, додека Сан Антонио беше подобар од Портланд со 118-105.

ПретходноКЛ: Чурлинов и Јагиелонија редат победи, Челзи им даде 8 гола на Ерменците
СледноДимитријевиќ по фантастичната партија: Направивме неверојатна работа!