Ѓоковиќ откри кога се враќа на терените!

134
Фото: Ролан Гарос/Твитер

По пропуштањето на Мастерсот во Париз и претстојниот во Торино, планот на Новак Ѓоковиќ е да игра во јануари. И тоа пред Австралија опен. Каде точно останува да се види.

„Ќе играм во првата недела од сезоната, не сум одлучил каде точно“, откри Ѓоковиќ во интервју за „Спортклуб“.

„Тенисот е сè уште во фокусот. Сега одиме на „целосни“ подготовки, па одново. Само требаше малку да се освежам по оваа година“, истакна Новак и додаде:

„Ги знаете целите. Тоа веќе ви го кажав илјада пати на интервјуа. Грен слемовите се мојата цел, а потоа би сакал да го играм и Дејвис купот, ќе видиме што ќе се случи таму“.

Едно од прашањата беше каде е неговиот медал од Олимписките игри.

„Медалот не се истроши, го чувам, не го носев доволно. Сум видел слики дека некои медали се истрошени, но мојата е иста. Иако, не се смени ниту таа бронза од Кина Ништо“, заклучи Ѓоковиќ низ смеа.

ПретходноМурињо е суспендиран поради изјава!
СледноИзраел испрати спасувачки авиони во Амстердам по нападот на навивачите (ВИДЕО)